ШОКАНТНО ФОТО: Моментот кога пожарникари паѓаат од 13-ти кат

Двајца пожарникари загинале во Шангај откако паднале од 13-от кат за време на гаснењето на пожарот во еден стан.

Своите последни моменти двајцата колеги ги поминале држејќи се за рака.

Двајцата пожарникари, кои имале 23 и 20 години, паднале од прозорецот на станот на 13-от кат. Во станот немало никој освен нив. Кинеските власти не навеле што ги исфрлило низ прозорецот.

Причината за пожарот не е позната. Соседите велат дека во станот живееле неколку станари.

Пожарникарите се префрлени во болница веднаш по падот, но повредите биле сериозни. Нивните колеги останале во шок и солзи и раскажале дека двајцата пожарникари влегле во противпожарната бригада во 2012 година.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.