ШОКАНТНО: Ученици за петка пишуваат самоубиствени писма

Родителите чии што деца учат во едно училиште во Шведска се револтирани откако дознале дека нивните деца добиле задача да напишат измислени самоубиствени писма, а да замислат дека истите им ги пишуваат на нивните мајки, пренесува „Раша тудеј“.

Задачата била дел од справувањето со проблеми со менталното здравје.

Тринаесет годишните деца од градот Скелефтеа во североисточна Шведска слушале аудио книга за девојче што планирало да се самоубие.

По преслушувањето на застрашувачката приказна, која била дел од часот посветен на проблемите со менталното здравје, нивната учителка побарала да напишат писмо до мајката на девојчето и да објаснат дека детските размислувања за самоубиството не се по вина на родителите.

Но, за да биде задачата полесна, наставничката предложила додека ги пишуваат писмата да мислат на нивните мајки, тврдат револтираните родители.

Сепак, училиштето тврди дека родителите не ги разбирале причините за задачата и дека во целост го поддржува наставникот што им ја дал задачата на децата.