Солакоски: Ќе бидам градоначалник кои ќе им служи на сите стружани

На центаралниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Струга пред граѓаните се обрати и кандидатот за градоначалник на оваа општина, Сеад Солакоски. Тој се заблагодари на сите што се таму да ја поддржат неговата кандидатура, тој кажа дека е уверен во голема победа.

-Како ваш градоначалник, чесно, одговорно и посветено ќе работам на исполнувањето на вашите потреби. Време за ваш градоначалник, градоначалник кој на никаков начин нема да ги дели граѓаните. Да престанеме да зборуваме за прашање кои не разединуваат, ќе работиме напорно за да ги остраниме работите кои не делат. Имаме заеднчики вредности кои не смееме да ги изгубиме, туку треба да ги унапредиме, изјави Солакоски.

Тој повика цврсто да се зачекори во новата ера, дека проблемите се заеднички и решенијата треба заеднички да се бараат.

-Ветувам дека ќе бидам градоначалник кои ќе им служи на граѓаните, одговорно ќе ја води локалната самоурава, ќе им служам на граѓаните како нивен сервис. За разлика од досега, ќе покажеме дека градоначалникот треба да се занимава со прашања кои се од негова надлежност, заради кои е избран, изјави Солакоски.

Тој кажа дека општината е заглавена во долгови оради недомаќинското работење на претходниците, но дека ја прифаќа оваа тешка задача да ја среди состојбата во Струга и да ја носи Струга напред. Тој вети дека ќе се заложи за рамномерен развој на сите делови од општината.

-Нашите најголеми приоритети се подобрување во образование и социјалната заштита, доколку ја добијам вашата поддршка, бидете уверени ќе изнајдам решенија за да се подобрат условите во училиштата, да станат минато проблемите со греењето во училиштата, изјави Солакоски.

Тој напомена уште многу други проекти, како што се изградби на градинки. Тој вети дека на лицата со хендикеп ќе им обезбеди пристап до сите институции.

-Најголемиот проблем кој го имаат граѓаните на Струга е проблемот со екологијата и животната средина, изјави Солакоски.

Тој најави трајно решение проблемот со депонијата, а дека ќе побара одговорност од оние кои го направиле.