четврток, 17 август 2017  |  Вести денес: 47

Солаковски: Владата на СДС е нем сведок на еколошката катастрофа во Струга

Одложување и не преземање на никаква активност за итно решавање на овие сериозни проблеми претставува исклучителна опасност за здравјето на луѓето, истакна денес Сеад Солаковски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

11

Последни вести

Повеќе од три месеци Владата на Македонија останува нем сведок на еколошката катастрофа што се случува во Струга. И не само во Струга. Дивите депонии во Лабуништа, Октиси и околните населени места исто така негативно влијаат врз здравјето на луѓето. Одложување и не преземање на никаква активност за итно решавање на овие сериозни проблеми претставува исклучителна опасност за здравјето на луѓето, истакна денес Сеад Солаковски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој вели дека овие диви депонии сигурно придонесуваат за зголемување на процентот на луѓе заболени од бело дробни заболувања и карциноми.

-И на, на жителите од Лабуништа, Октиси и околните населени места потребен ни е чист и здрав воздух. Во светот владите и министерствата креираат политика и стратегии за третирање на отпадот. Очигледно оваа влада нема ни стратегија ниту капацитет да го реши овој проблем. Здравјето на скоро илјада жители во овој регион е доведено до прашање, истакнува Солаковски.

Тој додава дека се загадуваат и подземните води и воопшто цела животна средина и прашува зошто оваа влада има министерство за животна средина?

 

Најчитани вести