Солени колачиња со тиквички и кашкавал

За да ги подготвите овие солени колачиња потребни ви се:

-2 тиквички

-1 страк праз

-1 јајце

-100 мл млеко

-140 г брашно

-80 г кашкавал (рендан)

-1 лажичка прашок за печиво

– малку путер

-4 лажици масло за готвење

-малку сол, црн пипер

Начин на подготовка:

1. Тиквичките измијте ги, излупете ги и изрендајте ги. Оставете ги врз цедалка за малку да се исцеди водата.
2. Празот исчистете го, исечете 8 парчиња со големина од 1 сантиметар, а остатокот исечкајте го на ситни парчиња.
3. На малку масло за готвење (околу 2 лажици) пржете го празот неколку минути. Додајте ги тиквичките и заедно пржете ги уште 5-6 минути.
4. Празот и тиквичките посолете ги, запиперете ги и ставете ги во цедалка неколку минути за да истече течноста.
5. Во сад изматете ги јајцата заедно со млекото, ставете 2 лажици масло за готвење и посолете.
6. Во друг сад измешајте го брашното со прашокот за печиво и со ренданиот кашкавал и додајте го во смесата со јајцето. Добро измешајте за да не останат грутчиња.
7. Во смесата додајте ги и запржените тиквички со праз.
8. Загрејте ја рерната на 180 степени. Калапчињата намачкајте ги со путер и наполнете ги со приготвената смеса (наполнете околу 2/3 од калапчињата).
9. Во секое калапче ставете парче од пресечениот праз и печете ги околу 25-30 минути.