Солени рафаело бомбици

Засукајте ги ракавите и подгответе рафаело бомбици, но солени. Се подготвуваат навистина брзо и едноставно, а се превкусни.

За овие бомбици потребни ви се 4 големи компири, 150 грама шунка, 150 грама мајонез, 1 мала главица кромид, 50 грама рендан кашкавал, 1 лажица павлака.

Начин на подготовка:

Сварете ги компирите и изрендајте ги откако ќе се изладат. Се додаваат кашкавалот и шунката истотака рендани. Кромидот поминете го на ситната страна од рендето, додајте ги мајонезот и павлаката. Зачинете и формирајте топчиња. Готовите топчиња валкајте ги во ситно рендано сирење.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.