Магазин

Солени стапчиња со сирење

Солени стапчиња со сирење

Еве еден рецепт како да подготвите 14 солени стапчиња со сирење. Идеални се доколку очекувате гости или ако сакате да ги изненадите домашните… Се на се, за да ги подготвите овие стапчиња ќе ви бидат потребни околу 30 минути.

Состојки:

  • 375 грама замрзнато лиснато тесто
  • Пченично брашно, за посолување
  • 1 лажица сенф
  • 100 грама рендан кашкавал
  • Свежо мелен црн бибер
  • 1 јајце, разматено

Подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 200 степени целзиусови.
  2. Земете плех и обложете го со хартија за печење.
  3. На набрашнета подлога отворете го тестото и со сукало направете голем правоаголник со дебелина од околу 5 милиметри.
  4. свретете го тестото така што најдолгата страна ќе биде свртена кон вас, нанесете сенф подеднакво на целото тесто, наросете кашкавал и црн бибер.
  5. Исечете го тестото на долги ленти. Внимателно извиткајте ја секоја лента 4 до 5 пати и ставете ја на плехот за печење.
  6. Оставете ги стапчињата да се оладат во ладилник околу 15 до 20 минути.
  7. Премачкајте со изматено јајце и печете од 20 до 25 минути или додека тестото не се крене убаво и не добие златна боја.