Солидарност меѓу земјоделците во маката

По барање на земјоделци од општината Новаци тие се собраа во петокот за да им дадат поддршка на своите „браќа по маки“, земјоделците од Свети Николе кои искажаа повеќе проблеми околу прашањето со извршувањето на жетвата, односно откупот на пченицата, откупната цена и исплатата.

„Ги поддржуваме земјоделците од Свети Николе во барањата упатени до Владата од сите еснафски организации во Македонија за решавање на овој проблем со пченицата. По двете катастрофи годинава, доцните мразови и сушата, кај нас состојбите со земјоделството годинава се тешки. Во нашите барања до Владата се бара концесијата за државно земјиште под закуп да се избрише бидејќи не може да се плати без приноси. Се надеваме дека наскоро ќе имаме шанса да бидеме примери од премиерот Заев да го запознаеме со сите наши тешкотии“, рече претседателот на Сојузот на земјоделците Вељо Тантаров.

Истакна и дека ако премиерот можел да има појадок со бизнисмените од Сојузот на стопанските комори, мор да има време да ги прими и да разговара со претставници за проблемите во аграрот.

„Ние имаме проблем со тоа што евтина е цената на житото, тоа е откупено и жетвата е при крај, затоа, бидејќи пролетта беше доста сушна и приносите се доста ниски, бараме Владата ако може, како минатата што дадоа по 100 евра, оваа да даде барем по 150 евра по хектар за да малку можеме да ги покриеме трошоците што ги имаме во земјоделието“, велат земјоделците.

Земјоделците бараат освен пченицата, Владата да ја откупува и лубеницата, бидејќи со лубеницата само не се опстојува.

„Министерот се пофали дека земјоделците ќе ги имаат парите на своите сметки, но пари немаат земено ниту 40 проценти, некои земјоделци имаат земено субвенции по сите мерки, а некои немаат ниту по една мерка. Нам не ни треба политика, ни треба мотика и обработка на земјата“, порачаа земјоделците.

Од локалната самоуправа на општина Новаци велат дека барањата на земјоделците се издржани и се надеваат дека Владата ќе ги исплати субвенциите, ние имаме многу земјоделци и ги поддржуваме истите во нивните барања.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.