Солун: Претрес во стан на расколнички монаси

Неколку десетина полицајци утрово извршија претрес на стан во Солун, кој е користен како седиште на манастир чии монаси Грчката Православна црква ги прогласи за расколници.

За време на претресот во станот биле еден монах и пет приврзаници.

Инаку, претресот уследи по судската одлука монасите принудно да бидат иселени, а за време на операцијата околните улици беа блокирани од страна на полицијата.

Станува збор за монасите од манастирот Есфигмен на планината Атос, кој е стар 1000 години, кои се во спор со екуменскиот патријарх во Истанбул, духовниот лидер на сите православни свештеници во светот.

Монасите го обвинуваат партијархот за предавство бидејќи се обиде да ги поправи односите со Католичката црква.