Спорт

Солун се нуди да биде домаќин на натпреварот Србија-Албанија

Солун се нуди да биде домаќин на натпреварот Србија-Албанија

Градоначалникот на Солун Јанис Бутарис, предложи фудбалскиот натпревар меѓу Србија и Албанија, што беше прекинат мината недела во Белград поради инциденти, да се одигра во неговиот град.

Ваквиот предлог градоначалникот Бутарис го доставил до Општинскиот совет на Солун.

Бутарис изјавил дека одигрувањето на натпреварот во Солун може да придонесе за намалување на тензиите и воедно за смирување на ситуацијата, со што би се докажал и мултикултурниот каратер на градот.