Сомалија: Загинаа 10 службеници на ОН

Најмалку 10 луѓе од Обединетите нации го загубија животот во денешнниот напад врз минибус во сомалискиот автономен регион Пунтленд, јави ДПА. Минибусот превезувал службеници на ОН од комплекс каде биоле сместени до работно место.

Убиени се четворица Сомалијци и петмина странци кои работеле во мисија на Светската организација. Во нападот ранети се 10 луѓе.

Четворица од убиените работеле за УНИЦЕФ.

Одговорност за нападот презедоа од исламистичката група Ал Шабаб.