Свет

Сомалиските пирати ослободија 26 заложници по пет години

Сомалиските пирати ослободија 26 заложници по пет години

Пиратите во март 2012 година го киднапираа екипажот на бродот Нахам 3, составен од државјани на Кина, Индонезија, Филипини и Тајван.

– Многу сме задоволни што можеме да објавиме дека екипажот е ослободен, изјави синоќа претставник на центарот Партнери за поддршка на заложниците, кој помогна во преговорите за ослободување на киднапираните.

Тој додаде дека заложниците со хуманитарен лет на Обединети нации ќе бидат вратени од Сомалија во своите држави.