Сомневања за сексуална експлоатација на малолетничката од домот „25-ти Мај

Силуваното тринаесетгодишно ромско девојче, штитеник на државната институција за згрижување деца „25 Мај“, имало макро, според неговите изјави давани во полиција, а за кои информира и Министерство за труд и социјална политика, а истовремено Хелсиншкиот комитет бара од МТСП да го испита случајот на сексуално малтретирање на девојчето.

МВР и дополнително истражува дали девојчето доброволно ги вршело сексуалните дејства бидејќи тоа посочувало лица со име и презиме за кои велело дека со нив е во љубовна врска, а потоа ги менувало изјавите. Тоа повеќепати било пријавувано како исчезнато од страна на старателот назначен по службена должност кога претходно била земена од биолошкото семејство. Од страна на МВР било забележувано и приведувано на коцката кај МКЦ, а потоа од домот „25 Мај“ било однесено во Безбедната куќа каде што се сместуваат жртвите на сексуално насилство и потоа по нејзина желба да го напушти овој згрижувачки шелтер-центар. Министерството за труд и социјална работи вели дека за посочената малолтеничка имало посебна грижа, но без резултати. Секој пат кога девојчето го исчезнувало од домот, старателот пријавувал во МВР. Според изјавите што девојчето ги давало во МВР, а за кои информира МТСП, тоа од лице што го знаело било носено во пет општини во Македонија каде што давало сексуални услуги, но некогаш било и сексуално малтретирана.

Од Европскиот центар за правата на Ромите велат дека девојката била принудувана на сексуални односи од страна на вработен во домот „25 Мај“, а министерката Мила Царовска го негира ова. Таа вели дека тоа го потврдуваат и изјавите на девојчето што ги давало во полиција во неколку наврати. Девојчето посочувало лица со кои доброволно имало секс, а во одредени случаи било и присилувано. Ова се случувало од септември минатата година па досега. Министерството негира дека девојчето било принудно земано од објектот на домот.

Старателот и институцијата не можеле да ѝ го ограничат правото на движење, ниту да ја спречат во преземените дејства бидејќи домот „25 Мај“ е институција од отворен карактер. Старателот случаите ги пријавувал во МВР, а девојчето било згрижувано и во шелтер-центарот за трговија со луѓе, од каде што по негова желба било вратено во домот. Според законските регулативи, старателот не смеел да му го попречи движењето.

Тринаесетгодишното девојче било одземено од своите родители во 2011 година поради питање, а потоа до 2016 година било во пет семејства, каде што не можело да се адаптира. Неговите родители имале и деца кои починале како последица од конзумирање дрога. Абортусот е направен по желба на девојчето, а одлуката била на старателот.