Сомнителен пакет пред Културниот центар во Копенхаген

Сомнителен пакет е откриен до културниот центар Крудтонден во Копенхаген, каде во саботата маж отвори оган врз учесниците во дискусијата за слободата на изразување и богохулењето, при што еден човек загина.

Зоната е евакуирана, а на местото се испратени деминири.

Напаѓачот врз Културниот центар потоа пукаше и пред синагога, а беше ликвидиран од полицијата. Вкупно две лица загинаа, а петмина се повредени во нападите во Копенхаген, за време на викендот.