18.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

Сомнителен тендер во Студеничани за 100.000 евра

Во распишаниот оглас за јавна набавка за изградба, реконструкција, санација и тековно – инвестиционо одржување на водоводна и канализациона мрежа со проценета вредност од 6.000.000,00 денари без ДДВ. Минимум критериуми за утврдување на економската и финансиската состојба на економскиот оператор што ќе учествува на овој јавен оглас мора да има минимален вкупен приход за последните три години од 150.000.000,00 денари, од кои минимален приход во една од последните три години 50.000.000,00 денари.

Не постои практика  за проценета вредност на набавка од 6.000.000,00 денари да се бара вкупен приход од 150.000.000,00 денари. Со ова уште еднаш се потврдува целта на укинувањето на Советот за јавните набавки, а тоа е неконтролираното дефинирање на непропорционални услови во огласите за доделување на договори за јавни набавки со цел фаворизирање или ограничување на конкуренција меѓу економските оператори.