Свет

Сомнителни случаи на ебола во Бразил, Чешка и Кипар

Сомнителни случаи на ебола во Бразил, Чешка и Кипар

Сомнителни случаи на ебола во Бразил, Кипар и Чешка.

Сомнеж за хеморагична треска ебола има кај 56-годишен Чех, кој пред повеќе од 20 дена се вратил од Либерија.  Како што соопштија надлежните здравствени служби, иако освен повисока температура, пациентот нема други симптоми, тој е хоспитализиран во специјално подготвеното одделение за евентуални заболени од ебола.

Мострите земени од пациентот ќе се тестираат во Германија и резултатите ќе бидат познати денеска.

Според лекарите, состојбата на пациентот предизвикува сомнеж за смртоносната болест ебола, но симптомите и здравствената состојба се слични и на ред други болести.

Сомнежи за појава на ебола има и во Северен Кипар. Според кипарскиот весник на турски јазик „Хавадис“, студент од Того манифестирал симптоми на вирусот и бил одведен во болница во градот Фамагуста во турскиот дел на островот.