Сомнителниот случај во Чешка не се покажа како ебола

Педесет и шестгодишниот Чех, кај кој според симптомите лекарите се сомневаа дека има ебола, не е заболен од оваа смртоносна болест, потврдија надлежните во Чешка.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, пациентот, кој пред неколку недели се вратил од Либерија и има повисока температура, беше хоспитализиран и изолиран во специјално подготвеното одделение за евентуални заболени од ебола во прашката болница „На Буловце“.