Шон Пен „виновник“ за апсењето на наркобосот Ел Чапо (ВИДЕО)

Шон Пен „виновник“ за апсењето на наркобосот Ел Чапо
Мексиканскиот наркобос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман бил лоциран благодарение на интервју кое во тајност го имал пред неколку месеци со американскиот актер Шон Пен.

Интервјуто наводно е направено на непозната локација во Мексико во крајот на 2015 година.

Ел Чапо беше уапсен во минатиот петок во градот Лос Мочис во покраината Синалоа откако беше во бегство шест месеци.

Мексиканските власти знаеле за состанокот на Шон Пен и Гузман и мексиканската актерка Кејт дел Кастилјо во октомври и го следеле американскиот актер. Тоа им помогнало да го лоцираат ранчот каде се криел Ел Чапо, наведуваат извори од мексиканската Влада.

Во интервјуто со Шон Пен, Гузман се обиде да ја одбрани својата улога на лидер на најголемиот нарко картел во светот.

Пен во интервјуто за Ролин Стоун потврдува дека Ел Чапо бил заинтересиран да се сними филм за него и сакал во тој проект да учествува Кејт дел Кастилјо која овозможила состанок на Пен и Гузман.