„Сонцата” ја изгореа Индијана

Лидерот во Источната конференција во НБА лига, тимот на Индијана го претрпе третиот пораз на последните пет средби, овој пат неочекувано на својот терен од Феникс Санс со 102:94.

Најзаслужен за победата на „сонцата” беше Горан Драгиќ, кој постигна 28 поени и седум асистенции. На овој натпревар Драгиќ го следеа Џералд Грин и Маркус Морис со по 16 поени, додека 15 постигна Маркиф Морис. На домашните не им помогна ниту трипл-дабл учинокот на Ленс Стивенсон од 14 поени, 10 скока и 10 асистенции.

Резултати: Индијана – Феникс 94:102, Њујорк Никс – Кливленд 117:86, Голден Стејт – ЛА Клиперс 111:92