Сонце и повисоки температури во деновите пред нас

Во следните денови ќе преовладува претежно сончево време со ниски утрински температури, додека дневните ќе бидат во пораст, најавуваат од Управат за хидрометеоролошки работи.

За утре метеоролозите најавуваат сончево време со температура од пет степени во Маврово до максимални 16 во Гевгелија.

Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до 13-от степен.

Во следните денови ќе преовладува претежно сончево со температури кои ќе достигнат и 19 степени.

Заради појавата на негативни утрински температури се предупредуваат земјоделците да преземат мерки за заштита на овошките.