Сонце уште денеска, од утре облаци

Утрово времето е сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура е нешто повисока во однос на вчера и се движат од -8 до 5 Целзиусови степени:

– 8 Маврово, -6 Берово, Лазарополе, -5 Битола, Крушево, -4 Скопје Пет., Охрид, Претор, Тетово, Дебар, -3 Кр. Паланка, Прилеп, -2 Скопје на З. Рид, Куманово, Струмица, Д. Капија, Пожаране, -1 Штип, Кавадарци 0 Виница, 4 Гевгелија и 5 Дојран.

Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.

Во Скопје ќе имаме сончево време со мала локална облачност и со слаб до умерен северен ветер. Дневна температура до 10 степени.

Стабилно, претежно сончево и релативно топло време ќе се задржи до сабота, кое ќе предизвика топење на снежната покривка на планините. В недела облачноста ќе се зголеми и ќе има врнежи од дожд, на некои повисоки места во западните делови од дожд и снег, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и јужните делови.