Сончев и топол викенд, од понеделник дожд

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе се движи од девет до 19 степени.

За викендот времето ќе биде претежно стабилно и релативно топло. Во недела попладне и во понеделник повремено ќе дува засилен југоисточен ветер.

Во понеделник брзината на ветерот на моменти ќе надминува 90 км/час. Под влијание на влажен бран во понеделник кон крајот на денот и во вторник ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни.