Претпладне сончево, попладне дожд и грмежи

Претпладне сончево, попладне дожд. Како што соопштуваат од УХМР, времето претпладне во Македонија се очекува да биде сончево со умерена облачност, а попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Поизразена нестабилност во југоисточните делови

Поизразена нестабилност и обилен пороен дожд се очекува во југоисточните делови од државата, каде се очекува да наврнат над 20 литри дожд на метар квадратен.

Утринската температура ќе се движи од  14 до 21, а дневната од 23 до 30 степени.

Во Скопје претпладне сончево, попладне дожд

Претпладне сончево, попладне дожд
Претпладне сончево, попладне дожд

Слично време ќе преовладува во текот на денешниот ден и во Скопје. Според прогнозите во главниот град претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне со умерена нестабилна облачност со краткотраен дожд.

Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 28 степени.

Од недела стабилно и суво

Од недела стабилно и суво
Од недела стабилно и суво

Во однос на престојниот викенд, метеоролозите за сабота најавуваат повремени врнежи од дожд, а во недела се очекува да настапи стабилизација на времето, па така да следи период на стабилно и суво време.