Сончево и многу топло време, со температури до 39 степени

Сончево и многу топло време со слаб ветер од променлив правец не очекува и во текот на денешниот ден.

Според најавите на метеоролозите, утринската температура ќе се движи од 14 до 23, а дневната од 34 до 39 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево и многу топло време со температура од 18 до 38 степени.

Што се однесува до туристичките места во државата, метеоролозите најавуваат дека  во охридско-преспанскиот регион ќе биде сончево со температура до 34 степени, а во Дојран до 38 степени.

Сончево и многу топло до петок

До петок следува стабилно суво, сончево и многу топло време, температурите на повеќе места ќе бидат над 35, а долж Повардарието и над 40 степени.

Уште потопло време се очекува да настапи кон средината на неделата
Уште потопло време се очекува да настапи кон средината на неделата

Од почетокот на оваа недела нашето подрачје потпадна под влијание на уште потопла и сува воздушна маса од југ, што предизвика натамошен пораст на дневните температури.

Особено уште потопло време се очекува да настапи кон средината на неделата, кога  долж Повардарието и во југоисточниот дел  дневните температури ќе бидат над 40 степени.

Почитувајте ги препораките!

Сеуште на сила се препораките донесени минатата недела, откако земјата беше зафатена од значително високи температури и потопло време.

Бремените и хронично болните да не работат!
Бремените и хронично болните да не работат!

Владата на Република Македонија, по предлог од Министерството за здравство, минатата недела донесе препорака за ослободување од работните обврски на бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години.

Во истиот период, се препорачува на работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни активности на отворено во периодот од 12 до 17 часот.

Препораките се донесени имајќи предвид дека подолг период државата е зафатена со повисоки температури, кои според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи ќе продолжат во претстојниот период до почетокот на следната недела.

За граѓаните од целата држава важат општите препораки за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна сончева изложеност, носење светла и лесна облека, избегнување престој на отворено, консумирање лесна храна, термички обработена храна и повеќе течности (а да се избегнува консумирање на лесно расиплива храна), редовно одржување хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната, како и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица.

Поради топлото време воведена е и ограничување на движењето во шумите и шумските појаси во период од 7 до 17 часот.

Повеќе за препораките на следниот линк.