Сончево и потопло

Во Скопје слично време и температура до 20 степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време. Во вторник во планинските подрачја ќе има услови за локален дожд, а во среда на повеќе места се очекуваат повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за два до три степени. Услови за слаб дожд ќе има и во следните два дена, кога и дневните температури повторно ќе бидат во пораст.