среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 49

Сончево и релативно топло време

soncevo-10-17068

Поврзани вести

Сончево и релативно топло време со мала облачност не очекува во текот на денешниот ден. Како што информира УХМР, наутро по котлините се очекува појава на магла, која повеќе ќе се задржи во Пелагонија.

Ќе дува слаб, долж Повардарието повремено умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од седум до 17 степени.

Во Скопје сончево со мала облачност

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и ќе дува слаб повремено умерен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 8 степени.

Стабилно и суво време и во следниот период

Управата за хидрометеролошки работи најавува за следниот период стабилно и суво време, со појава на магла во утринските часови по одделни котлини. Дневните температури во југоисточните делови и на повисоките места ќе бидат релативно високи за овој период од годината.

Најчитани вести