Сончево и топло на првиот ден од пролетта

Првиот пролетен ден во Македонија ќе трае 12 часа и 5 минути. Сонцето ќе изгрее во 5 часот и 39 минути, а ќе зајде во 17 часот и 44 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее 18 минути по полноќ, а ќе зајде во 10 часот и 16 минути.

На првиот ден од пролетта времето во Македонија ќе биде сончево и топло со минимална температура од 1 до 8 степени и дневни температури од 18 до 24 степени.

Во Скопје сончево со мала облачност и слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 22 степена.

До крајот на работната недела Македонија ќе биде под влијание на топла воздушна маса, што ќе предизвика времето да биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен југоисточен ветер. Максималните температури ќе бидат повисоки од просечните за овој период од годината. Повеќе облачност ќе има во четврток, кога ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд, особено во западните делови.

Наредниот викенд, ноќта меѓу 25-ти и 26 март, ќе почне летното сметање на времето, со тоа што стрелките на часовникот ќе се поместат еден час нанапред.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.