Сончево и топло со мала до умерена облачност

Времето во понеделникот во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Повеќе услови за нестабилност ќе има во западните и југоисточните делови, каде е можно процесите краткотрајно да бидат поинтензивни. УВ индексот ќе има вредност 8.

Утринската температура ќе се движи од девет до 16 Целзиусови степени, додека дневната ќе се движи во интервалот од 22 до 31 степени.

Во Скопје претпладне сончево со мала локална облачност, а од пладневните часови и во Скопската котлина ќе се зголемува облачноста, која во планините ќе има услови за краткотрајна нестабилност.

Утринската температура е 14, а дневната ќе достигне до 30 степени.

Во следните денови во претпладневните часови ќе се задржи сончево и топло, а попладне ќе има локализирана појава на пороен дожд и грмежи. Температурите нема многу да се менуваат, а ветерот ќе биде претежно северен. Нешто понестабилен период се очекува кон крајот на работната седмица.