Сончево и топло, со мала до умерена облачност

Денеска во земјата ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, а попладнето во западните и јужните делови ќе има локален краткотраен дожд и ретки грмежи.

УВ индексот ќе има вредност 8.

Максималните дневни температури ќе се движат во интервалот од 22 до 25 Целзиусови степени во западните региони, до 29 степени во централниот дел од земјата, а меѓу 25 и 31 степен на истокот.

Во Скопје и околината температурата ќе достигне до 31-от степен.

Во следните два дена во попладневните часови во крајните западни и јужни делови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Во петок и деновите од викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално се очекуваат и поинтензивни процеси. До петок дневните температурите ќе бидат во благ пораст.