Сончево и топло со слаб до умерен ветер

Времето денеска во Македонија ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. УВ индексот ќе има вредност 8.

Утринската температура се движи од 10 до 19 степени, а дневната температура од 27 до 37 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе достигне до 18 степени, а дневната до 35 степени.

До сабота ќе се задржи претежно сончево и топло време со дневни температури кои во најголем дел од земјава ќе се задржат во рамките на просекот за овој период од годината.

Топло ќе биде и во недела, но во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста, а кон крајот на денот оваа облачност ќе биде проследена со поројни врнежи од дожд и грмежи.

Позначителна промена на времето се очекува во понеделник кога ќе преовладува облачно време со локален дожд и засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе опадне.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.