Сончево и топло со температура до 35 стпени

Денеска не очекува претежно сончево и топло време со слаб северозападен ветер долж Повардарието и во источните делови.

Утринската температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а дневната од 28 до 35 степени, УВ = 9.

Во Скопје утре Сончево и топло со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 33 степени.

Во понеделник попладне и во вторник ќе има преодно наоблачување, при што во планинските предели можна е локална појава на краткотраен дожд.

Потоа до петок, повторно времето ќе биде претежно сончево, суво и топло со УВ=9.