Сончево и топло со умерена облачност

Времето во вторник во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен западен ветер. Попладне во планинските предели ќе има услови за локален краткотраен дожд со ретки грмежи.

Утринската температура се движи од 8 до 12, a дневната ќе се движи во интервалот меѓу 19 и 29 Целиусовите степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен западен ветер. Утринската температура ќе достигне до осум степени, а максималната дневнадо 29 степени.

До четврток ќе преовладува стабилно и топло време со пораст на температурата на воздухот.

Во попладневните часови во планинските предели е можна појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Потоа од петок нашето подрачје ќе потпадне под влијание на серија од влажни воздушни бранови, кои ќе условат поројни врнежи од дожд проследени со грмежи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.