Сончево и топло, температура до 28 степени

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер.

Како што информира УХМР, минималната температура ќе се движи од три до 9, а максималната од 23 до 28 степени.

Во Скопје времето ќе биде малку до умерено облачно со слаб јужен ветер и температура, која ќе се движи од 7 до 26 степени.

Стабилното, суво и топло време со позитивни утрински температури ќе продолжи и понатаму. Максималните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината. В понеделник ќе има зголемување на облачноста и локални врнежи од дожд, а температурата ќе биде во опаѓање. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.