Македонија

Сончево и топло време

Сончево и топло време

Во земјава денес не очекува претежно сончево и релативно топло време со слаб ветер од југоисточен правец.

Утринската температура во земјава ќе биде во интервал од 8 до 17, а дневната од 25 до 32 степена. УВ=6

Во Скопје сончево со слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 30 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ:

До крајот на работната недела подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на топла и сува воздушна маса од југ, која ќе услови сончево и доста топло време за овој период од годината.