Сончево и топло време со температури над 40 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со слаб до умерен североисточен ветер.

Утринската температура се движи од 11 до 20 степени, а дневната од 32 до 39 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен североисточен ветер. Максималната дневна температура ќе достигне до 39 степени.

Продолжува периодот на претежно сончево и многу топло време. Во поголем дел од земјава максималната температура ќе достигнува над 35, а на места вдолж Повардарието ќе надмине и 40 степени. УВ индексот ќе биде многу висок со вредност 9.

Од четврток одредени региони од земјава ќе ги исполнат условите за портокалова фаза на опасност од топлотни бранови.