Сончево со мала до умерена локална облачност

Сончево време со мала до умерена локална облачност, не очекува денес. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 27 до 35 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена локална облачност

И во Скопје денес ќе преовладува слично време. Според најавите на метеоролозите во текот на денешниот ден и во главниот град ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност со утринска температура до 14 и дневна до 34 степени.

Во туристичките региони сончево со слаб ветар

Во туристичките региони сончево со слаб ветар
Во туристичките региони сончево со слаб ветар

Во туристичките региони времето ќе биде сончево со слаб ветер од источен правец. Во охридско-преспанскиот регион температурата ќе се искачи до 28 степени. Во дојранскиот регион времето ќе биде сончево со слаб југоисточен ветер и температура до 34 степени.

Сончево и топло и за време на продолжениот викенд

Според најавите од УХМР и понатаму ќе следува период на стабилно, суво и топло време со постепен пораст на температурата.

Во деновите од престојниот продолжен викенд температурите во југоисточниот дел од земјата ќе достигнат до 37 степени.