Сончево со можност за пороен дожд

Времето во недела во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Попладне ќе биде променливо и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат и поинтензивни.

Максималните дневни температури ќе се движат во интервалот меѓу 19 до 31 Целзиусови степени, а УВ-индексот ќе биде 8.

Во Скопје претпладне е сончево, а попладне, исто така, ќе биде променливо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе достигне до 29 степени.

Од почетокот на следната работната седмица нестабилноста ќе биде локална и со послаб интензитет.