Претпладне сончево, попладне облачно со услови за дожд

Претпладне сончево, а попладне облачно со услови за дожд во западните делови. Ова накратко е временската прогноза според УХМР, за денешниот ден. Од утре се најавува стабилизирање на времето и пораст на температурите.

Попладне облачно со услови за дожд во западните делови

Попладне облачно со услови за дожд во западните делови
Попладне облачно со услови за дожд во западните делови

Сончево време со мала до умерена локална облачност денес ќе преовладува во Македонија. Во попладневните часови се очекува облачноста да се зголеми, а во западните делови ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 27 до 35 степени.

Споредн најавите и во Скопје денес се очекува времето претпладне да биде сончево со мала, а попладне со умерена облачност и со слаб претежно југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 33 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Од утре стабилно време и пораст на температурите

Потоа следува период на стабилно и суво време со постепен пораст на дневните температури, но температурите нема да бидат особено високи. Во почетокот на следниот викенд ќе достигнат до 37 степени на југоистокот од земјата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.