Сончево до петок, од недела дожд и снег

Сончево до петок, од недела повремени врнежи од дожд и снег.

Сончево време со мала до умерена локална облачност и со слаб јужен ветер не очекува во текот на денешниот ден. По одделни котлини ќе има појава на слаба утринска магла. Температурата ќе се движи од 17 до 24 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб јужен ветер. По одделни котлини ќе има појава на слаба утринска магла. Температурата ќе достигне до 20 степени.

До петок ќе преовладува релативно топло и стабилно време, по одделни котлини со слаба утринска магла. Во сабота и недела ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Од недела повремени врнежи од дожд и снег

Сончево до петок, од недела дожд и снег
Сончево до петок, од недела дожд и снег

Во недела ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено повеќе ќе бидат застапени во северозападните и западните делови, каде на повисоките планини ќе има услови за повремени врнежи од снег.