понеделник, 22 мај 2017  |  Вести денес: 35

Сончево и потопло време

soncevo1-640x320-630x315

Поврзани вести

Сончево и потопло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 4 до 10, а дневната од. 21 до 26 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност во текот на денот. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе изнесува 7, максималната ќе достигне до 24 степени.

Времето во наредните денови ќе биде под влијание на топла воздушна маса од југ. Ќе преовладува претежно стабилно и топло време за овој период од годината. Кон крајот на работната недела ќе има услови за локален дожд, а дневната температура ќе биде во опаѓање.

Најчитани вести