Сончево со локална облачност и температура до 11 степени

Времето денеска во Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност. Во утринските часови ќе има појава на магла.

Ќе дува умерен северен и северозападен ветер,  кој што на одредени места ќе достигне брзина и до 25 километри на час.

Температурите ќе се движат од пет до 11 степени.

Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до шест степени.