Сончево со мала, а попладне умерена облачност

Продолжува периодот на топло време, во попладневните часови ќе има извесно зголемување на облачноста и услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи.

Времето во средата во Македонија ќе биде сончево со мала а попладне со умерена облачност. Локално ќе има услови за краткотраен дожд, особено на крајниот исток.

Максималните дневни температури ќе се движат од 20 Целзиусови степени во запаниот дел од земјата до 30 степени на југот. Во Скопје и околината дневната температура ќе достигне 29 степени.

На страницата на „Акуведр“ е објавена долгорочна временска прогноза може да очекуваме во наредниот период во Македонија. Иако за овој период се најавува секогаш сончево време, сепак според прогнозата речиси половина од месецот ќе имаме врнежливи денови.

Во периодот до 29 април не очекува сончево време, со повремени врнежи од дожд. Стабилно време ќе имаме од 30 до 3 мај. Во периодот од 4 до 8 мај нѐ очекува променливо веме со повремени локални врнежи.
Некаде од 23. мај па се до крајот на месецот се очекуваат повеќе врнежливи денови, кога се очекува нестабилно време ширум нашата земја со обилни врнежи во централниот, источниот и југозападниот дел на Мајакедонија.

Во целиот период на мај се очекуваат пролетни температури од 10 до 15 степени Целзиусови.

Погледнете илустративно какво време нѐ чека: