Сончево со мала до умерена облачност

Времето во Македонија во вторник ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има преодно зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд во западните планински предели. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Како што информираат од УХМР, утринската температура ќе се движи од 2 до 9 Целзиусови степени, а дневната од 18 до 25 степени.

Во Скопје и околината се очекува слично време, сончево а попладне со умерена облачност и со умерен југоисточен ветер. Температурата ќе биде во интервалот од 7 утрото до 24 степени во текот на денот.

Во наредните денови ќе преовладува претежно стабилно и потопло време со дневни температури кои речиси насекаде ќе надминуваат дваесет степени. Во планинските подрачја кон крајот на работната недела ќе има услови за повремен дожд и ретки грмежи.

Од вторник до сабота утринските температури ќе се движат од три до 12 степени, а дневните од 18 до 27 степени. Најтопло ќе биде в петок, кога дневната температура ќе достигне до 27 степени.