Сончево со мала до умерена облачност

 

Времето во Македонија во средата ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во југоисточните предели е можен краткотраен локален дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец, а УВ-индексот ќе има вредност 7.

Максималните дневни температури ќе се движат во интервалот од 15 Целзиусови степени во западните до 24 во југозападните региони, и од 20 до 27 степени во источните.

Во Скопје и околината тепературата ќе достигне до 26 Целзиусови степени.

До петок времето ќе биде претежно стабилно, освен во југоисточните делови каде е можна појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Повторно зголемување на условите за нестабилност се очекува во деновите од викендот.