Сончево со можност за пороен дожд

Времето во недела претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне и кон крајот на денот наместа ќе дојде до нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења и изолирана појава на град. Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната од 27 до 34 степени.

Во Скопје времето претпладне ќе биде претежно сончево со слаб југоисточен ветер, но кон крајот на денот ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 34 степени.

Во текот на ноќта кон понеделник, како и во понеделник времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни и проследени со ретки грмежи. Се очекува да наврнат над 30 литри на метар квадратен воден талог.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.