Сончево со температура до 34 степени

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Зголемена облачност ќе има повеќе во планинските региони. Преку денот ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и кон исток засилен северозападен ветер поради кој ќе биде се уште посвежо.

Утринската температура ќе се движи од девет до 19, а дневната температура од 26 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 15 до 30 степени.

Следува период на стабилно сончево и се потопло време со постепен пораст на дневната температура. Најтопло време се очекува кон средината на следната работна недела.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.