Сончево со температура до 36 степени

Сончевото време ќе продолжи во текот на денот. Дури доцна попладне во крајниот југозападен дел од земјава, поширокиот охридски регион, ќе има услови за краткотаен дожд проследен со грмежи.

Максималната температура ќе има вредности од 34 до 36 Целзијусови степени долж текот на Вардар и во котлините во источниот регион, околу 32 Целзијусови степени во Пелагонија и околу 31 Целзијусови степени во охридско – преспанското подрачје.

Во Скопје очекуваме максимални 35 Целзијусови степени. Денот ќе помине во претежно сончево време, со мала облачност.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.