Сончево со температура до 37 степени

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец.

Попладне во западните и југозападните делови од земјава ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а дневната од 30 до 37 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 35 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Утре и задутре времето ќе биде малку потопло, ќе се задржи попладневната умерена облачност, но ќе биде претежно стабилно. Локални врнежи од дожд и малку посвежо време се очекуваат за време на следниот викенд.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.