Сончево со температура до 8 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од минус 1 до 8 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе достигне до 5 степени.

Најстудено изутринава е во Маврово каде се измерени – 7 степени, во Лазарополе, Крушево, Крива Паланка во – 6, во Штип, Ѓуриште и Берово – 4, во Пожаране, Струмица, Претор, Тополчани, Охрид, Дебар – 3, во Демир Капија и Прилеп -2, во Битола и во Виница -1, во Скопје Петровец, Гевгелија, Тетово и Скопје 1 степен.

Најмногу снег има во Ѓуриште 12 сантиметри, во Маврово осум, во Пожаране шест, во Лазарополе четири, во Берово три и Крива Паланка и во Тополчани по еден сантиметар.

Преку ноќта и утринава има значителна облачност на север и на запад, а кон југоисток е претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Понекаде утринава дува слаб северозападен ветер.

Во наредните денови ќе се задржи период на стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Од четврток кон викендот ќе се зголемуваат условите за појава на магла по одделни котлини. За време на викендот се очекува краткотрајно наоблачување без врнежи.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози, а наместа влажни на планинските осојничави места. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.