Сончево со умерена облачност и температура до 29 степени

Во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува повременo засилен претежно северен ветер пред се долж Повардарието и кон исток. УВ индексот ќе има вредност 7.

Утринската температура ќе се движи од девет до 17 степени, а дневната од 22 до 29 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен северен ветер.

Утринската температура ќе достигне до 15 степени, а дневната температура до 26 степени.

Од среда следува период на претежно сончево време со посвежи утра. Дневната температура ќе биде во постепен пораст така што во деновите од викендот ќе биде во интервал од 30 до 38 степени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.